english         

           КАРДИОМЕДИКА-СРБИНОВСКИ со својот високо стручен и едуциран кадар, со долгогодишно искуство во кардиологијата и со современа опрема врши: превенција, откривање, дијагностика и лекување на пациенти со кардиоваскуларни болести. Соодветни совети и лекување може да се добијат и од областа на  интерната и општата медицина.Ординацијата соработува со патофизиолог.

Тимот на КАРДИОМЕДИКА СРБИНОВСКИ прави проценка на:

  •  коронарна артериска болест
  •  кардиопатии
  •  вродени и стекнати срцеви мани
  •  срцева слабост
  •  артериска хипертензија
  •  срцеви аритмии
  •  синкопални состојби
  •  поставување индикации за инвазивна дијагностика  и  хируршко  лекување,
     како I водење на пациенти после интервентна проицедува и хируршка
     интервенција
  •  одредување на коронарен ризик профил и совети за исхрана
  •  откривање на болести од интерната медицина, соодветни совети,      препораки
  •  систематски прегледи  и проценка на работна способност за работа и      учење во странство

КАРДИОМЕДИКА-СРБИНОВСКИ  е основана од  доајенот на македонската кардиологија, Проф. Д-р Лазар Србиновски, долгогодишен редовен професор при Медицинскиот факултет-Скопје и долгогодишен Директор на Универзитетската Клиника за кардиологија во Скопје. Своите стекнатите искуства од областа на кардиологијата и интерната медицина во лекувањето на големиот број болни  ги пренесе на тимот на  институцијата.

Денес тимот во КАРДИОМЕДИКА е во контакт со Проф. Др.Елизабета Србиновска Костовска, вработана на Универзитетската клиника за кардиологија, Шеф на ехолабараторијата и професор по интерна медицина на Медицинскиот факултет во Скопје. Проф. Елизабета Србиновска Костовска е консултант во Институцијата.

            Во КАРДИОМЕДИКА-СРБИНОВСКИ може да закажете преглед директно, по телефон ( 02 3072 472, 02 3072 442,  078 372 472), или по електронски пат, секој работен ден од 8:00-17:00 часот.

Стручниот тим на КАРДИОМЕДИКА-СРБИНОВСКИ го сочинуваат искусни и едуцирани лекари, кардиолози, интернисти,
и искусни медицински сестри.

КАРДИОМЕДИКА-СРБИНОВСКИ е лоцирана во централното подрачје на општината КАРПОШ - СКОПЈЕ, позади зградата на Факултетот за туризам.

•  Сместена е во адекватен деловен простор, во приземјето на Кула 2, на Бул. "ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ" бр. 97/2, со добри сообраќајни врски и приоди кон објектот, од повеќе страни, со можност за паркирање.

     Тел. + 389 2 3072 472
     Тел.факс: + 389 2 3072 442
     kardiomedikasrbinovski@yahoo.com
     www.kardiomedikasrbinovski.com.mk

© 2008 KАРДИОМЕДИКА СРБИНОВСКИ - Сите права се задржани