english        


Стручниот тим на КАРДИОМЕДИКА-СРБИНОВСКИ го сочинуваат искусни и едуцирани лекари, кардиолози, интернисти, стоматолози, лекари по општа медицина
и искусни медицински сестри.


1     Проф. Д-р сци Елизабета Србиновска–Костовска
       специјалист интернист-кардиолог

Проф. Д-р сци. Елизабета Србиновска-Костовска е професор по Интерна медицина на Медицинскиот факултет-Скопје, вработена во како лекар специјалист интернист-кардилог, Шеф на ехолабараторијата на Универзитетската клиниката за кардиологија-Скопје.

Проф Д-р Елизабета Србиновска-Костовска е родена 1961 година во Скопје. Од 1985 година е вработена на Клиниката за Кардиологија, Постдипломски студии на Медицинскиот факултет во Скопје завршила 1990 година на темата “Проценка на хроничната митрална регургитација”

Специјалистички испит по Интерна медицина положила во 1991 година. Докторската дисертација одбранила 1995 година на тема “Проценка на пациентите после валвуларен репласман на срцето и отклривање на компликации”...

Од самото вработување на Универзитетската клиника  за кардиологија работи на  Одделението за ревматски болести на срцето и срцеви мани, до 2008 работи како Шеф на одделението... Читај Повеќе


     Д-р Биљана Стефановска
      специјалист-интернист

Д-р Биљана Стефановска е доктор, специјалист по интерна медицина вработена во ПЗУ КАРДИОМЕДИКА СРБИНОВСКИ од 2007 година.  Родена е во 1981 година  во Битола. Основно и средно образование завршила во родниот град. Дипломирала на Медицинскиот факултет  во Скопје во 2005 година со средна оценка 9,8.

По завршувањето на медицинскиот факултетот продолжува со Специјализација по Интерна медицина про Медицинскиот факултет во Скопје која ја завршува во 2010 година.

Зема активно учество на голем број на Симпозиуми и конгреси, од областа на интерната медицина и кардиологијата, во земјата и странство како дел од континураната едукација со посебен интере кон кардиологијата.

Член е на Македонското и Европското здружение на кардиолози.


     Д-р Митра Богеска Блажевска
      специјалист-интернист

Д-р Митра Богеска Блажевска е доктор, специјалист интернист.
Родена е 1975 година  во Скопје каде го завршила основното и средното медицинско образование. Медицинскиот факултет го завршила во Скопје во 2000 година.

Лекарскиот стаж во траење од една година го поминува во специјалната болница ,,Филип втори,,.

Од 2002 година е во редовен работен однос во ПЗУ КАРДИОМЕДИКА СРБИНОВСКИ.  Специјализација по Интерна медицина завршила во 2008 на Медицинскиот факултет во Скопје.

Има активно учество на голем број на Симпозиуми и конгреси, од областа на интерната медицина и кардиологијата, во земјата и странство.

Член е на Македонското и Европското здружение на кардиолози.


Мирјана Стаменковска

медицинска сестра
 


Катерина Василковска

медицинска сестра
 


Весна Тасевска

технички персонал
 


ДЕНТОМЕДИКА-СРБИНОВСКИ
www.dms.com.mk

1. Стевче Србиновски специјалист по болести на забите и ендодонциумот .

• Стручниот тим е подготвен на најбрз начин да ги прифати, им овозможи спокојство и мир во тек на испитувањето, изврши брза и точна дијагностика и аплицира современа терапија и совет.

СОРАБОТНИЦИ

  1. Консултативни прегледи со Асс. др Маја Здрвковска, патофизиолог и специјалист по нуклеарна медицина, вработена на Институтот за патофизиологија
     
  2. Консултативни прегледи со Асс д-р Валентина Андова, кардиолог од Универзитетската клиника за кардиологија
     
  3.  Во стручниот тим се вклучени како консултанти и соработници, искусни и познати специјалисти рентгенолози, гинеколози, офталмолози оториноларинголози, биохемичари и д р. специјалисти.

 

1
 

КАРДИОМЕДИКА-СРБИНОВСКИ е лоцирана во централното подрачје на општината КАРПОШ - СКОПЈЕ, позади зградата на Факултетот за туризам.

•  Сместена е во адекватен деловен простор, во приземјето на Кула 2, на Бул. "ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ" бр. 97/2, со добри сообраќајни врски и приоди кон објектот, од повеќе страни, со можност за паркирање.

     Тел. + 389 2 3072 472
     Тел.факс: + 389 2 3072 442
     kontakt@kardiomedikasrbinovski.com.mk
     www.kardiomedikasrbinovski.com.mk

© 2008 KАРДИОМЕДИКА СРБИНОВСКИ - Сите права се задржани