english         


1     Проф. Д-р сци Елизабета Србиновска–Костовска
       специјалист интернист-кардиолог

Проф. Д-р сци Елизабета Србиновска-Костовска е професор по Интерна медицина на Медицинскиот факултет-Скопје, вработена во како лекар специјалист интернист-кардилог, Шеф на ехолабараторијата на Универзитетската клиниката за кардиологија-Скопје.

Проф Д-р Елизабета Србиновска-Костовска е родена 1961 година во Скопје. Од 1985 година е вработена на Клиниката за Кардиологија, Постдипломски студии на Медицинскиот факултет во Скопје завршила 1990 година на темата “Проценка на хроничната митрална регургитација” Специјалистички испит по Интерна медицина положила во 1991 година. Докторската дисертација одбранила 1995 година на тема “Проценка на пациентите после валвуларен репласман на срцето и отклривање на компликации”. 

Од самото вработување на Универзитетската клиника  за кардиологија работи на  Одделението за ревматски болести на срцето и срцеви мани, до 2008 работи како Шеф на одделението за Полуинтензивна нега за пациенти со срцеви мани, а од 2008 како Шеф на ехолабараторијата.

Проф. Д-р Србиновска има голем придонес во едукацијата на млади лекари и специјализанти во совладувањето на ехокардиографијата во Клиниката и нашата земја.  Активно учевствува во научно-стручната работа на Клиниката за кардиологија и има изработено над 200 научно-стручни трудови кои се презентирани на голем број национални и интернационални симпозиуми и конгреси.

Стручни усовршувања од областа на ехокардиографијата имала во Загреб, Белград, Америка, Австрија, Холандија, Полска.Член е на Македонското, Европското, Медитеранското и Светското здружение на кардиолози како и на Македонското ехокардиографско здружение. Член е на кардиохирушкото здружение. Секретар е на Македонското ехокардиографско здружение и Генерален секретар е на Македонското кардиолошко здружение од 2007 година.

Во 1999 година добила Диплома на Македонското лекарско друштво за значаен допринос во едукацијата и клиничката пракса, во 2002 има Благодарница за особен придонес во развојот и афирмирањето и долгогодишната соработка од Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларните заболувања во Охрид.

Во 2002 година станува стручен соработник (Fellows) на Европското здружение на кардиолози, заради особен придонес во кардиологијата, а во 2003 добива Диплома како европски кардиолог на Европското здружение на кардиолози.

Коавтор е на книги:

  •  Современа дијагностика и терапија во медицината 2000 – прирачник за лекари, издадена 2000 година од група автори на Медицинскиот факултет во Скопје,
  • поглавија воУчебниците за студенти на Медицински факултет по Интерна медицина и
  • поглавија во учебникот за Интерна пропедефтика, како и
  • автор на Монографијата “ Валвуларен репласман на срцето”,2002 година.

   << назад


1

Дата на преглед  / /
Име и Презиме 
Место на живеење 
Телефон 
емаил 
 

КАРДИОМЕДИКА-СРБИНОВСКИ е лоцирана во централното подрачје на општината КАРПОШ - СКОПЈЕ, позади зградата на Факултетот за туризам.

•  Сместена е во адекватен деловен простор, во приземјето на Кула 2, на Бул. "ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ" бр. 97/2, со добри сообраќајни врски и приоди кон објектот, од повеќе страни, со можност за паркирање.

     Тел. + 389 2 3072 472
     Тел.факс: + 389 2 3072 442
     kontakt@kardiomedikasrbinovski.com.mk
     www.kardiomedikasrbinovski.com.mk

 

© 2008 KАРДИОМЕДИКА СРБИНОВСКИ - Сите права се задржани